среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Економија

Славески: Целата стручна јавност негативно го оцени интервенционизмот на власта во економијата

Славески: Целата стручна јавност негативно го оцени интервенционизмот на власта во економијата

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ истакна дека целата стручна јавност во Македонија негативно го оцени интервенционизмот на власта во економијата. Пред се Славески говореше за субвенционирањето на платите во приватниот сектор од страна на државата, мерка која според професорот ќе предизвика дисторзии на слободниот пазар на труд. Тој особено го акцентираше проблемот со притисокот на Владата за пораст на платите во услови кога опаѓа продуктивноста на трудот.

-Значи ова не е прашање на кое што се кршат копја помеѓу позиција и опозиција туку слушнавме деновиве и став на стручната јавноста и научно-истражувачката јавност. Од она што јас можев да го забележам, а ја следев дебатата и реакциите тие се изразито негативни. Стручната јавност вели дека вавко нешто ретко каде во светот постои. Дека ваков интервенционизам од страна на државата на слободниот пазар не може да се сретне и само ќе предизвика натамошни дисторзии со притисокот што го прави Владата за пораст на платите во услови кога опаѓа продуктивноста на трудот, вели тој.