понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
home Економија

Славески: Владата треба да обезбеди секој први пензионерите да добијат пензија

Славески: Владата треба да обезбеди секој први пензионерите да добијат пензија

-ВМРО-ДПМНЕ предлага да се направи она што го направија речиси сите земји кои имаат слични пензиски системи со вториот столб во Република Макеоднија. Јас со дати денеска ви кажав Естонија, Полска и Литванија и Унгарија како одговор на кризата 2007 -2009 сите донесоа некои мерки за суспендирање на уплатите во вториот пензиски столб. Тоа значи не се земаат пари тие што се во вториот пензииски столб туку онака како што течат придонесите да останат во државниот пензиски столб зашто што логиката е дека од него оттаму се исплаќаат пензиите на пензионерите во Република Македонија, ова го истакна Трајко Славески член на ИК во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија 24.

Тој во своеото гостување посочи дека политиката ја крои Владата на Република Македонија и владата на Република Македонија треба да обезбеди секој први пензионерите да добијат пензија.

-Од кај сега овој недостаток во фондот за пензиско. Затоа ние предлагаме времено годишно 10 милијарди денари тоа не е за потценување. Вие со онаа популиситчка мерка за намалување на платите на функционери сте заштедиле 4 милиони евра, а денеска кажувате дека со она непотребна мерка МОЈ ДДВ дека враќате 5.7 милиони евра кај граѓаните, додаде Славески.

Коронавирус