среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Економија

Синадиновска Арсовска: Мора да има континуитет во мерката за поддршка за плати и придонеси за вработените во угостителскиот сектор

Синадиновска Арсовска: Мора да има континуитет во мерката за поддршка за плати и придонеси за вработените во угостителскиот сектор

Вработените во угостителскиот сектор стравуваат за своите работни места, стравуваат дали ќе имаат плата и здравствено осигурување.

Ова во изјава за Курир го истакна Марија Синадиновска Арсовска од Иницијативниот одбор за организирање настани. Вели одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти била очекувана, но посочува дека мора државата да продолжи со финансиска поддршка кон овој сектор.

-Континуитет мора да постои во мерката за поддршка за плати и придонеси за вработените, бидејќи ако не продолжи оваа мерка овој месец сите ќе ги отпуштат вработените. Илјадници луѓе ќе останат без работa. Алармот досега требаше да биде вклучен. Околу 17.000 вработени чекаат исплата на платите за февруари и март, немаат можност за здравствено осигурување, стравуваат за своите работни места, вели за Курир Синадиновска Арсовска.

Таа посочува и дека мерките кои се предлагаат како помош за овој сектор, треба да бидат по примерот на европските држави, а не како минатогодишните.

-Потребно е да се дозволат финансиските инструмент како безкаматни кредити, државна банкарска гаранција за ослободување на дополнителни средства на ликвидност со која ќе може да земеме комерцијални кредити со намалена каматна стапка . Потребно е итно носење на пакет мерки за плати и придонеси. Најавите за грантови, не’ плашат бидеќи сме поучени од моделот од минатата година каде видовме дека критериумот во однос на исплата на грант за угостителите беше пренизок, не беше праведен реално да се искористи. Голем дел од угостителските објекти кои имаа прикажано поголем промет, ги казнија. Скалата на исплата на грант сметам дека е неправична и не ги следи европските вредности како економски показатели каде секаде стоеше процент на исплата од вкупниот промет. Треба да направат критериум кој ќе биде правичен за сите, да се следат европските примери, нагласува Синадиновска Арсовска.

Посочува дека согласно бројките на новозаболени и починати од коронавирус, очекувана е одлуката за затворање на угостителските објекти, но смета дека забраната требало да ја добијат после Нова година кога ковид статистиката била слично висока како периодов, а летните тераси на локалите не работеле.

Коронавирус