среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 109
home Економија

Шестгодишник заработил милион денари! Интересни податоци од УЈП

Шестгодишник заработил милион денари! Интересни податоци од УЈП

УЈП денеска ја објави листата за висината на највисоки остварени приходи на граѓаните за претходната година. Шестгодишно дете е најмладиот милионер во земјава кое лани на негово име имало заработка од над еден милион денари. Парите му легнале на сметка од кирија. Највозрасниот милионер во Македонија пак, има 101 година. Станува збор за штипјанец кој зема месечна пензија од 11 илјади евра. УЈП не објавува детали од каде и како се заработувале овие пари поради заштита на идентитетот и личните податоци на граѓаните.

„Во десетте топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари извршители и угостители. Земјоделието исто така е најисплатливо во скопскиот регион каде граѓанин од Скопје остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.245.815 денари, а гевгеличанец 11 милиони денари по овој основ“, рече Сања Лукаревска- Директорка на УЈП.

Највисоката исплатена плата овој пат доаѓа од индустријата со метали каде еден газда од струшко пријавил месечна плата од 156 илјади евра. Граѓанин од Битола пак, пријавил највисока годишна заработувачка. Изнесувала три и пол милиони евра. Скопјанка играла наградни игри и лото, па лани заработила 476 илјади евра. Најголем доход од продажба на акции во странска фирма пријавил граѓанин на Скопје кој заработил милион и пол евра.

Инаку, највисоките бруто-плати во 2919-ттата биле евидентирани во секторите здравство, аптеки, образование и производство на горна облека. Генерално и во 2019 година на листата на лица со највисоки примања доминираат граѓани на главниот град.

Коронавирус