понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

СДСМ вртоглаво ги „заглавува“ наредните генерации- Откако Владата се задолжи за 48 милиoни евра, најавено ново заборчување од 60 милиони евра

СДСМ вртоглаво ги „заглавува“ наредните генерации- Откако Владата се задолжи за 48 милиoни евра, најавено ново заборчување од 60 милиони евра

Продолжува задолжувањето без мерка, кое секако, паѓа на грбот на македонските граѓани.

Имено на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност и обврзници во износ од 60 милиони евра.

Со вакво задолжување, Владата остава голем товар, а дали е на повидок буџетска криза, допрва ќе се покаже.

 

 

Минатата недела Владата се задолжи за 48 милиони евра.

Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.

Јавниот долг исто така го надмина плафонот односно психолошката граница од над 50 % од БДП што според економистите е опасен факт посебно за слаба економија како што е македонската.

Имено, власта пред да дојде на власт беше главен критичар на задолжувањата но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.

Коронавирус