вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Економија

СДСМ вртоглаво ги задолжува наредните генерации- Денеска Владата се задолжи за нови 48 милиoни евра

СДСМ вртоглаво ги задолжува наредните генерации- Денеска Владата се задолжи за нови 48 милиoни евра

Владата денеска се задолжи за сума од близу 48 милиони евра. Продолжува задолжувањето без мерка, кое секако, паѓа на грбот на македонските граѓани.

Имено, на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е реализацијата од аукцијата на државни хартии од вредност каде наместо најавените 38 милиони евра, Владата се задолжи за 10 милиони повеќе од најавените односно за огромни 48 милиони евра.

Со вакво задолжување, Владата остава голем товар, а дали е на повидок буџетска криза, допрва ќе се покаже.

Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.

Јавниот долг исто така го надмина плафонот односно психолошката граница од над 50 % од БДП што според економистите е опасен факт посебно за слаба економија како што е македонската.

Имено, власта пред да дојде на власт беше главен критичар на задолжувањата но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.