среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 31
home Економија

СДСМ повторно на власт, Македонија нема пари: Ако не се зголемела акцизата ќе немало средства за редовно сервисирање на буџетот

СДСМ повторно на власт, Македонија нема пари: Ако не се зголемела акцизата ќе немало средства за редовно сервисирање на буџетот

Постарите граѓани сигурно се сеќаваат на времињата кога владини преставници од редовите на СДСМ на редовни прес конференции излегуваа и велеа дека буџетот е празен, Македонија нема пари, Македонија е во рецесија, транзиција и што ли уште не. За жал историјата ни се повторува, СДСМ повторно е на власт, а Македонија повторно нема пари.

Токму ова е одговорот кој го добиле транспортерите само неколку минути пред почетокот на протестот од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска. Генералната секретарка на МАКАМ ТРАНС Биљана Муратовска во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека не добиле никаков инстиутиционален одговор на противењето на транспортерите на зголемувањето на акцизата, но добиле писмо пред почетокот на нивниот протест од страна на министерката која ги известила дека доколку не се зголеми акцизата ќе нема средства за редовно сервисирање на буџетот.

-Не знам како да го објаснам овој феномен, никој не реагира од владината структура, освен што министерката за финансии ни испрати по брз поштаедно писмо пред да почне протестот, во кое што ги повтори ставовите кои што претходно ги дискутиравме, дека зголемувањето на акцизата е за справување со последиците од кризата поради коронавирусот. Меѓутоа има еден додаток и за да обезбеди средства за редовно серивисирање на буџетот, вели Муратовска.

ЕУРО 2020

Македонија