понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 106
home Економија

РКЕ одлучи: Ова се цените на горивата од полноќ

РКЕ одлучи: Ова се цените на горивата од полноќ

Нема промена на цените на горивата во Македонија. Ова е одлуката која Регулаторната Комисија за енергетика ја донесе денеска, една недела по последната промена на цените на горивата.

Ценовниците остануваат како и минатата недела, па така Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.

Цената на дизелот останува 61,50 ден.