недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Економија

РКЕ одлучи: Еве ги новите цени на горивата

РКЕ одлучи: Еве ги новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 7,76 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 21.04.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 4,00 денари за литар и ќе изнесува 42,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 ден/кг и ќе изнесува 16,945 ден/кг.

Од 28.04.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 49,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 52,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 42,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 30,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 16,945 (денари/килограм)

ЕУРО 2020

Македонија