сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 65
home Економија

РКЕ ќе разгледува решенија за производители на струја од обновливи извори

РКЕ ќе разгледува решенија за производители на струја од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика денеска на подготвителна седница ќе разгледа две предлог решенија за стекнување привремен статус на повластени производители на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

На седницата треба да бидат разгледани Предлог – решението за термоелектроцентрали на биомаса „Нимекс Енергетика“, на ДПТУ НИМЕКС СА Александар и други ДОО увоз – извоз Скопје, и  „МАНД“, на ДПТУ МАНД интернешнл ДООЕЛ експорт импорт Скопје, со седишта во општините Аеродром и Центар.