петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 139
home Економија

Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Според најновите корекции на регулаторите кои се базираат врз движењето на цените на нафтените деривати на светските пазари донесена е одлука за намалување на малопродажната цена на бензините.

Според новите корекции сега малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 20.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

Кај дизелот цената останува непроменета и ќе се продава по минатонеделната цена односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 20.07.2020 година, и ќе изнесува 53,00 ден/лит.

Коронавирус