среда, 15. јули 2020. Вести денес: 92
home Економија

Регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ до министерот Димковски: Не потценивте и не уништивте како луѓе!

Регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ до министерот Димковски: Не потценивте и не уништивте како луѓе!

Регионалното здружение Тиквешки лозаро – овоштари во текот на минатата а и оваа година упати три пати барање за средба со министерот за земјоделие Трајан Димковски и постојано бевме одбивани за разговори, велат од регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целото соопштение на здружението

На средбите требаше да разговараме на следните теми :

1-Ниските откупни цени на гројзето.Во изминатите години 2015 и 2016 цената на грозјето чинеше 13 денари за вранецот со минимални 19 шеќерни единици и 11 денари за смедеревката,додека минатата година цента падна за два денари со што лозарите се значително оштетени.

2-Дозволија фирмата стефани винарија да оди во стечај и да се продадат винаријата и виното кое беше останато во винаријата,при што се подмирија банките додека лозарите не добија ништо и со самите судски процеси се изложија во допонителни трошоци кои речиси и да не можат веќе истите да се наплатат.

3- Донесовте одлука за обештетување со буџетски пари на лозарите кои имаа неисплатено грозје од винариите Стефани и Повардарие меѓутоа обештетувањето не е во целост бидејќи кај некои лозари на кантарната белешка е пишувано вранец а кај некој кратошија,исто така обештетување не можеа да добијат и оние кои одгледувале туѓи лозови насади, под кирија бидејќи кантарните белешки се на нивно име а насадите на друго име.Дали доколку владата во иднина не го наплати побарувањето од овие визби истото ќе треба да го платат лозарите кои во моментот имаат земено обештетување од владата?

4- Во 2017 година поради екстремно ниските температури имаше измрзнување на лозовите насади од 50 до 100% иако ветувавте обештетување на лозарите кои имаа измрзнати лозови насади,сепак вие дадовте 4000 денари од хектар со што целосно ја потценивте маката на лозарите.

5- Субвенциите ги покачивте 20% само за оние кои имаат над еден хектар лозови насади,додека речиси 80% од лозарите имаат лозови насади до еден хектар со што оваа мерка не важи за нив.

6-Водостопанство Тиквеш е пред целосен колапс и во овие три години како и да не работи за земјоделците.Секој се снаоѓа како може.Резервни делови нема,додека пумпните станици кога работат кога не работат.Водоредари веќе три години нема,така да дефектите си стојат и ние се снаоѓаме сами кој како знае и умее.Ветувано беше израдба на каналска мрежа од 780 метри на каналот К1.Областите Смаилица и Овчка река поради неажурност на владата и нереализација на ветувањата останаа без вода за наводнување. Баравме субвенционирање на струјата за пумни станици и сите земјоделци да плаќаат иста цена за наводнување за да бидеме рамноправни на пазарот.

7- Поддршката со зелена нафта е добра е недоволна.Оваа субвенција од 220 денари за нафта по декар е многу мала за да ја сметаме како вистинска помош.Само да ве потсетиме во изминатите три години акцизата на нафтата ја покачивте за 5,5 денари па така оваа зелена нафта и не е којзнае колку

8-Минатата година поради екстремно високите температури имаше суша на лозовите насади, при што родот се намали од 50 до 100% на некои места,со тоа се намали вкупниот род за повеќе од шеесет милиони килограми на грозје.Неколку пати баравме обештетување од државата од вкупна субвенција од 78 000 денари бидејќи со тоа ќе се обештетеа подеднакво сите и оние кои не се под систем за наводнување меѓитоа и оние кои се под систем за навовднување но поради непособноста на Водостопанство и кај нив беше значително намален родот,меѓутоа владата остана глува на нашите барања.

9-Донесовте закон за акцизи со кој ќе се удри по џебот на производителите на ракија,со која веќе од оваа година ќе се наплаќа акциза и истата цена ќе расте од година во година.

10-До каде е со елаборатот за дестилерија кој пред повеќе од една година ви беше доставен од страна на градоначалникот МИтко Јанчев?

11- Исплата на субвенции најдоцна до 14 -02 секоја година за да можат лозарите непречено да ги обавуваат агротехничките мерки на своите насади.Ветените два денари по килограм грозје не се исплатени а исто така има и по површина субвенции кои не се доисплатени

12-Скратување на времето за ИПАРД,од поднесување до реализација на шест месеци со што земјоделците би го реализиразле само својот дел додека останатиот Агенцијата.Не само што не го скратија времето туку и толку ги усложнија барањето за ИПАРД со што просечен земјоделец речиси и да е целосно изолиран од овој проект.

13-Најдоцна до 14-02 требаше да се донесе договор за цената на гројзето,врз основа на потребните количини за откуп на винариите,цената на европските и пазарите во регионот.Исто така да се направи стратегија за организиран откуп на винско грозје кое ќе биде за извоз со што би се зголемила побарувачката во државата а со тоа и цената.Целосно да се укине мерката од откупувачите човек фирма и тоа еден до два денари пониско за исплата веднаш.Тоа сметаме дека не е законски и е оштетен лозарот.И на оваа наше барање останаа глуви

Бидејќи министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски остана глув на нашите барања,се соочуваме со најкатстрофалната година која ќе биде погубна за лозарите.

Винариите не склучуваат договори за откуп на грозјето со што свесно ја уриваат цената на грозјето која оваа година се очекува да биде најниска во историјата на лозарството.

Затоа се што ветувавте и ќе ветувате во следниот период нема да ви веруваме бидејќи имавте три години да покажете добра воља за решавање на проблемите на лозарите меѓутоа целосно не потценивте и не уништивте како луѓе.