понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 97
home Економија

Ребаланс на Буџетот најдоцна до крајот на септември или почетокот на октомври

Ребаланс на Буџетот најдоцна до крајот на септември или почетокот на октомври

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези очекува ребалансот на Буџетот да биде готов најдоцна до крајот на септември или почетокот на октомври.

Во изјава за медиумите, заменик-министерката Елези рече дека во тек е фазата на преоценување на сите стапки од приходната и расходната страна на Буџетот.

– Ребалансот на Буџетот е редовна пракса што се случува во текот на фискалната година. Се прави преоценување на сите стапки во расходната и приходната страна. Веќе сме во фаза на анализа во овој дел. Ребалансот на Буџетот ќе се лансира најдоцна во последната недела од септември или почетокот на октомври – истакна Елези, одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на договорите со 11 општини за грант средства и заеми преку Проектот за подобрување на општинските услуги.