среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Економија

Растат трошоците за живот – граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Растат трошоците за живот – граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Растат трошоците за живот според државниот завод за статистика. Имено, индексот на трошоци во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи зголемување од 2.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.0 %.

Зголемувањето на трошоците за живот додатно ќе влијае и на онака нискиот стандард на живеење на граѓаните на Македонија сметаат експертите. Имено, според нив трошоците за живот континуирано растат додека платите стагнираат. Ова според нив негативно ќе се одрази и врз ранливите категории на граѓани чии примања не ја покриваат синдикалната минимална потрошувачка кошничка која според последните податоци на сојузот на синдикати за месец октомври изнесува 33.704денари.

Според економистите поголемиот дел од граѓани на државата едвај врзуваат крај со крај додека околу 400.000 живеат на работ на сиромаштијата. Она што е уште позагрижувачки е дека според извештајот на Светска банка бројката на сиромашни граѓани допрва ќе расте поради економскиот шок од Ковид 19 пандемијата.

Познавачите велат дека владата нема конкретни мерки за борба со сиромаштијата и таа од ден на ден се повеќе се зголемува. Тие сметаат дека мерките немаат доволен ефект и не се долгорочни. Инаку, Македонија има меѓу најголемите стапки на сиромаштија како во регионот така и во Европа.

Коронавирус