понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 39
home Економија

Раст на трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун

Раст на трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун

Зголемување на прометот во трговијата на мало на храна пијалоци и тутун е забележано во март годинава во однос на март лани.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун  има зголемување номинално за 9,6 отсто, а реално за 5,2 отсто, во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво зголемување номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,2 отсто и кај трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 8,9 отсто, а реално за 5,6 отсто.

Намалување на прометот е забележано во групата трговија на мало, со автомобилски горива номинално за пет, а реално за 5,1 отсто.