недела, 16. декември 2018. Вести денес: 33
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Економија

Раст на платените даноци поврзани со животната средина

Раст на платените даноци поврзани со животната средина

Во 2016 година во Република Македонија за девет проценти повеќе се платени даноци поврзани со животната средина, објави Државниот завод за статистика. 

Според објавените податоци, износот на платените даноци е 11. 175.7 милиони денари. Најголемо учество во даноците поврзани со животната средина имаат даноците за енергенти  64,5 отсто, по што следат даноците за транспорт со 34,6 отсто и даноците за загадување и даноците за природни ресурси поврзани со искористувањето на природните ресурси вода, шуми, дива флора и фауна со 0,9 отсто.

Во 2016 година, даноците составувале околу 1,9 отсто од бруто-домашниот производ, што е за 0,1 отсто повеќе отколку во 2015 година.