четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 135
home Економија

Расипништво на дело: Државата зема 22.7 милиони евра со високи камати, идните генерации ќе треба да вратат 46.4 милиони евра

Расипништво на дело: Државата зема 22.7 милиони евра со високи камати, идните генерации ќе треба да вратат 46.4 милиони евра

Владата денеска се задолжува  за нови скоро 23 милиони евра, со високи камати на 30 и 5 години рок за враќање. Со што  износот кој ќе треба да го вратиме е 46.4 милиони евра за кредит од 22.7 милиони евра.

 Имено државата зема 1 милијарда денари или 16.2 милиони евра со рок на отплата од 30 години со камата од 4.6%, со што после 30 години само за камата државата ќе врати една  милијарда и 380 милиони денари или 23 милиони евра. Единствено по логиката на  власта може да се земе заем од 16.2 милиони евра, а да се врати 39.2 милиони евра.

Другиот заем од 400 милиони денари, односно 6.5 милиони евра со рок на доспевање од 5 години и со камата од 2% ќе ја чини државата 700 илјади евра на име камата, кои треба да ги платиме за пет години. Значи како држава се задолжуваме 6.5 милиони евра, а враќаме 7.2 милиони евра.

Вкупно денешното задолжување од 22.7 милиони евра ќе ја чини државата 46.4 милиони евра, колку што ќе треба да вратиме како држава вклучувјќи ги и каматите.

Бизнис логиката на власта силно ќе ги подјаде Буџетите на државата во годините што се пред нас. Идните генерации се оптоваруваат со големи кредити и уште поголеми камати, а притоа не гледаме на  што се трошат парите, кои сите ние заеднички како граѓани треба да ги враќаме. Нема капитални инвестиции, како што се нови патишта, аеродроми, инфраструктурни објекти и други доходовни проекти, кои се од корист на  граѓаните. Јавноста коментира дека само гледаме како се полни администрацијата и како се цедат парите од Буџетот на име тендери на кои добитници често се јавуваат фирми блиски до власта.