недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 51
home Економија

Рафајловски: Планот за економски раст е прва стапка до корупција и до Идризово

Рафајловски: Планот за економски раст е прва стапка до корупција и до Идризово

Аналитичарот и стопанственик Горан Рафајловски изрази сомнеж дека новиот Закон за планот за економски раст ќе ја помести кон подобро економијата и отвора голем потенцијал за корупција.

-Можам да ги прашам што мака имаат да донесат вакво решение. Решението е далеку од памет, далеку од економски параметар. Да кажам дека е страшно е малку, заради тоа што има против уставни елементи и сегрегација кој може да користи кој не може да користи. Второ исклучително тешко поддржува големо стопанство. Секоја земја се базира на микро , мали и средни претпријатија кои сакаат да пораснат, овде ( во Македонија) се анулираат. Овде нема идеја да се помогнат тие што ќе донесат некој прогрес и некоја голема новина. Тоа што има грешки во законот не сакам ни да навлегувам, рече Рафајловски.

Мислам дека овој закон е прва стапка до коруптивност и до Идризово, ако се донесе како таков- заклучи Рафајловски.

Рафајловски смета дека ова како законско решение не е добро затоа што исклучува огромен дел од стопанството на Република Македонија. Патем со новиот предлог закон преточен во планот на Анѓуше три лица по функција одлучуваат за проектот, дали ќе се вреднува или нема да се вреднува што е суштинска грешка бидејќи предвидува дека може министер за економија и вицепремиер да одлучува за да се доделат парите.

-Сметам дека треба да се направи едно, ама поголемо тело, а не едн човек да одлучува за таква работа, предлага Рафајловски.

Коронавирус