вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Економија

Работниците од „Еурокомпозит“ најавуваат протести и тужби за неисплатените придонеси

Работниците од „Еурокомпозит“ најавуваат протести и тужби за неисплатените придонеси

Работниците од прилепски „Еурокомпозит“ се незадоволни од вчерашната средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кога, како што велат, им е соопштено дека нема пари во годинашниов Буџет за да се платат придонесите на околу 300 сегашни и поранешни вработени во оваа државна фирма.

Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на 150-ината работници прогласени технолошки вишок, незадоволни се зашто нема епилог и по една година откако Парламентот донесе закон за да им се платат заостанатите придонеси за преку 6 години од речиси три милиони евра.

-Единствено ни беше речено дека Битиќи ќе ја информира Владата за при конструирањето на новиот буџет за 2021 да се внесе ставката за исплата на придонесите. Ама работниците не се задоволни. Ни останувата демократските средства со протести и да поднесеме тужба за неспроведување на законот што го изгласа претходниот Парламент пред една година, изјави Велјаноски.

Цветан Бунтески од Инцијативниот одбор вели дека мора будно да ги следат ситуациите, да ги поттикнат пратениците и прилепскиот градоначалник за нивните побарувања да влезат во новиот буџет.

– Компанијата е во минусно салдо од околу 6 милиона евра. Ако државата ни ги исплати нашите побарувања од околу 3 милиона евра, полесно може да се најде инвеститор за наменската фабрика. Останува да бидеме будни, да ги поттикнеме пратениците, градоначалникот да бидат внесени нашите побарувања за буџетот за наредната година, вели Бунтески.

Работниците велат и дека поради тоа што се државна фирма, не може да користат ништо од ниту еден сет владини економски мерки што ги става во крајно неповолна ситуација. (MИА)

Коронавирус