петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Економија

Просечната плата во Македонија, најниска во регионов

Просечната плата во Македонија, најниска во регионов

Според податоците од Државниот завод за статистика на Македонија, македонската просечна нето плата во мај изнесува 25.270 денари односно 410 евра, што е нешто повисока, но само од просечната плата во Албанија која достигна 378 евра. Просечната месечна нето плата во Словенија изнесува 1.108 евра и тоа е единствена плата во земјите во регионот која го надминува „магичниот износ“ од 1.000 евра.

Просечната плата во Словенија е двојно повисока од просечната заработка во речиси сите земји од регионот на Балканот, освен Хрватска, уште една членка на ЕУ, каде просечната плата изнесува 886 евра,потоа следат Црногорците со 516 евра месечно, и Босна и Херцеговина со 472 евра месечно, а Србија има просечен приход од 471 евра.

Нешто поголеми плати во регионот имаат Бугарите (457), Романците, кои заработуваат по 535 евра месечно во просек, додека Грците имаат 917 евра месечно.