сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 14
home Економија

Пропадна терминот за набавка на јаглен за РЕК Битола, ќе се распишува нов тендер

Пропадна терминот за набавка на јаглен за РЕК Битола, ќе се распишува нов тендер

ЕСМ не успеа да набави јаглен за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен. Понуди имало – но количините кои се нуделе биле мали. Сега јаглен ќе се бара на нов тендер. За ТЕЦ Осломеј се бараа 300.000 тони јаглен. Понудите се прифатени, но дополнително ќе се избира компанијата од која ќе се купи, пренесува ТВ Телма.

На тендерот за купување на вкупно 1, 2 милиони тони јаглен се пријавиле девет фирми од Косово, Албанија, Турција, Русија и БИХ. За понудите за ТЕЦ Осломеј сега ќе треба да се направи техничка,и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и дури потоа одлука за избор на компанијата од која ќе се купи.

Преку зголемување на домашното производство на струја владата планираше да го амортизира ударот од енергетската криза. Цената на струјата на светските берзи се зголеми за 4 пати и достигна и до 200 евра за мегават час.

Целта вест може да ја прочитате на Телма.ком.мк

Коронавирус