среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Економија

Промоција на добри практики за зелена економија

Промоција на добри практики за зелена економија

Случаи на добри практики за зелена економија ќе бидат презентирани денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Целта е да се мотивираат земјите од Балканот да започнат да инвестираат повеќе во оваа област.

Презентацијата е дел од  проектот GEAR-Green Economy for Advanced Region, финансиран од Европската унија.  Проектот е фокусиран на подобрување на капацитетите на граѓанските организации од регионот кои се активни во секторот животна средина и клима за да ги застапуваат и промовираат концептите на зелена економија и зелено претприемништво.