среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Економија

Проект на УСАИД за бизнис климата: Според 40% од бизнисмените таа е влошена, за 36% непроменета

Проект на УСАИД за бизнис климата: Според 40% од бизнисмените таа е влошена, за 36% непроменета

Влошена е бизнис климата во земјава, сметаат речиси 40% од анкетираните 600 компании , покажува истражувањето на УСАИД. Подобрување има само за 13 отсто, додека 36 % се изјасниле дека е непроменета во однос на минатата година. Еден од најголемите проблеми за водење бизнис е сивата економија и правната несигурност. Подобрувања се потребни во регулативата за даноци, инспекцискиот надзор, јавните набавки и работните односи, смета бизнисот.

Повеќе од половина од компаниите изјавиле дека не се задоволни од трудовото право. 80% не се задоволни од правната регулатива во градежништвото и вадењето дозволи. Слични бројки има и во областа на царината, како и во даночната политика.

Компаниите сметаат дека мерката опомена – па казна дава резултати. Над половина од фирмите добиле опомена, а глоба платиле 28%. Сепак , проблем им е инсистирањето на инспекторите да се најдат неправилности, непрофесионалното однесување и курупцијата.

Најмногу ги посетувале инпекторите од УЈП, Државниот инспекторат за труд и пазарниот инспекторат. Подобрувањеза бзинисот има во вклученоста во носењето законски измени во бизнис регулативата, како и во соработката со стопанските комори и нивната зголемената активност во застапување на низнис интересите.. Инаку истражувањето се прави четврта година по ред., а опфатени се компании од различни дрејности и со различна големина.

ИЗВОР: СИТЕЛ