сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Економија

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската матична Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2018 година со кој се врши минимална корекција на неговата приходна и расходна страна и се обезбедува дополнителна поддршка на општините, Фондот на ПИОМ, Фондот за здравствено осигурување. Дефицитот останува непроменет, а стапката на раст е ревидирана на 2,8 проценти.

Предложениот ребаланс вчера го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски, кој рече дека измените се подготвени следејќи ја политичката ситуација во земјава согласно движењата на македонската економија, како и реализацијата на приходите и расходите.

– Со ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2018 година се врши минимална корекција на приходната страна на буџетот и приспособување на одделните делови од буџетската потрошувачка до крајот на годината, рече Тевдовски.

Со ребалансот Владата ја ревидира стапката на раст од 3,2 на 2,8 проценти. Вкупните приходи се планира на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи на 210,5 милијарди денари. Дефицитот останува непроменет и изнеусва 2,7 отсто од БДП.

Во расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го оценија ребалансот како нереален и оти економскиот раст е неостварлив.

Расправата во Комисијата треба да трае најмногу 10 работни дена.

Коронавирус