сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 80
home Економија

Предлог-законот за легализација на дивоградби пред членките на ССК

Предлог-законот за легализација на дивоградби пред членките на ССК

Во Сојузот на стопански комори на Македонија денеска ќе се одржи средба на претседателите на Градежната комора и на Комората на трговски друштва за геодетски работи, Ивица Јаќимовски и Горан Јовановски, со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во однос на новиот Предлог-закон за утврдување правен статус за бесправно изградени објекти, најави Сојузот на стопански комори (ССК).

Предвидени се обраќања на Сугарески, Јаќимовски и Јовановски, по што пред претставници на компании при ССК стручните служби во Министерството за транспорт и врски ќе ја презентираат новата законска регулатива.

Ресорното Министерство најави дека со новата регулатива треба да се стави крај на изградбата на бесправни градби и узурпација на просторот

Коронавирус