сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 62
home Економија

Повторно поскапување на горивата од полноќ, ова се новите цени

Повторно поскапување на горивата од полноќ, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 % во однос на Одлуката од 7.06.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг и сега ќе изнесува 35,237 ден/кг.

Од 15.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,237 (денари/килограм)

Коронавирус