недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Економија

Повисоки цените на индустриските производи на домашниот пазар

Повисоки цените на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 1,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка 0,6 отсто. Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија и нетрајни производи за широка потрошувачка за  два отсто и капитални производи за 0,5 отсто

Коронавирус