недела, 27. септември 2020. Вести денес: 104
home Економија

Повисока цена на струја за народот, СДСМ го части Силјан Мицевски со тендер од 6.2 милиони евра за ископ на јаглен

Повисока цена на струја за народот, СДСМ го части Силјан Мицевски со тендер од 6.2 милиони евра за ископ на јаглен

За граѓаните поголеми трошоци за живот, поскапа струја а за финансиерите на СДСМ милионски тендери. Тоа е сликата за Македонија изминативе три години, која на дело ја гледаме повторно.

Додека власта предводена од СДСМ на граѓаните им воведува дополнителен трошок и поскапа струја, финансиерот на партијата, Силјан Мицевски преку фирмата ДГУ Пелистер ДОО Битола добива тендер од ЕЛЕМ во висина од 6,2 милиони еврa за ископ на јаглен во РЕК Битола.

За да биде посимптоматично, Мицевски тендерот го добива истиот ден кога на сведочењето во случајот „Талир“ призна дека ја финансирал партијата СДСМ. Финансирањето го нема во извештајот на СДСМ и тоа не е доволно за сомнеж и да се испита незаконско и нелегално финансирање на партијата на Зоран Заев, но е доволно за Силјан Мицевски да добие договор за ископ на јаглен со РЕК Битола вреден 6 милиони и 250 илјади евра.

Неверојатно, но вистинито, граѓаните протестираат против сиромаштија и поскапа струја, трошоците за живот од месец во месец им стануваа поголеми, а власта со милиони си ги наградува финансиерите.

Власт која ветуваше дека ќе биде народна и ќе ги врати парите на граѓаните, го прави спротивното, наместо парите да одат кај граѓаните, тие ги земаат од граѓаните за да им ги дадат на тајкуните.

Имено, Силјан Мицевски, е познат и по аферата  кога заедно со својата сопруга беа едни од приведените по обелоденување на аферата ТАТ, но подоцна низ кривично правана и судска постапка беше ослободен од сите обвиненија. Народна банка му исплатила оштета од повеќе од 25 милиони денари на градежното претпријатие Пелистер од Битола, истото претпријатие на кое денеска му е доделен тендер од 6.2 милиони евра.

Скапата струја за само еден месец ги зголеми трошоците на граѓаните, покрај тоа што во просек ќе плаќаат дополнителни 180 денари за струја, од август како резултат токму на покачената цена на струјата ќе плаќаат уште 273 денари за основните потреби.

Тоа значи дека секое семејство отсега ќе дава во просек плус 453 денари во време кога платите стагнираат, невработеноста расте. Во таква ситуација владата не води грижа како ќе преживеат граѓаните, но затоа води грижа како да остана богати нивните финансиери.

Коронавирус