недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Економија

„Повардарие“ во стечај, лозарите да пријават побарувања

„Повардарие“ во стечај, лозарите да пријават побарувања

Здружението на Тиквешки лозароовоштари денеска информираше дека е отворена стечајна постапка над винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Оттаму ги повикаа лозарите кои имаат долгови од винарницата за предадено грозје во минатото, да поднесат побарувања до стечајниот управник Зоран Денковски од Куманово. Кантарна белешка и потврда од винаријата, дека документот е валиден.

– Доколку лозарите веќе имаат поднесено тужби, да се обратат кај своите адвокати, соопшти Златко Стојчев, претседател на ова новоформираното здружение.

Заменик претседателот, Дане Јошев додаде дека според информациите со кои располагаат, лозари побаруваат пари за грозје предадено во 2014, 2015 и 2016 година.

Во изјава за МИА, стечајниот управник Денковски нагласи дека не може да се зборува за висината на побарувањата, додека не се разгледаат сите пријави и не се утврди нивната вредност. Тоа ќе се знае, кога ќе заврши постапката за утврдување. Доставата на побарувањата е до 5 ноември.

Коронавирус