петок, 18. септември 2020. Вести денес: 146
home Економија

Поскапувањето на струјата ќе донесе ценовен шок за граѓаните

Поскапувањето на струјата ќе донесе ценовен шок за граѓаните

Бран поскапувања ќе донесе новото зголемување на цената на струјата. Цехот што енергетските компани не го остариле планираниот приход или работеле со загуба, ќе го платат граѓаните и стопанството. Ова, според експертите е надвор од пазарна економија, а се сфаќа како специјална државна помош за енергетските компании. Криза е секаде во светот, не само кај нас, но државите наоѓаат механизам за да се задржи и онака кревкиот стандард кај населението.

– Во време кога расте бројот на отпуштања и се кратат платите, секој денар за граѓаните е важен. Поскапувањето на струјата не е мало. Ќе влијае на зголемување на цените на производите, ќе ја зголеми инфлацијата и ќе ја намали потрошувачката, изјави Миле Бошков, конфедерација на работодавачи, за Сител.

Во исто време, државата објави пораст на јавниот долг, кој достигна скоро 60% од БДП во второто тримесечје, или во бројки за само еден квартал задолжувањето е зголемено за скоро милијарда евра ( 967 милиони евра). Ако во првиот квартал долгот изнесувал 5,6 милијарди, сега, истиот надмина 6,5 милијарди. Власта како причина за зголеменото задолжување ја наведува КОВИД-19 кризата и неопходноста да бараат кредити за да се реализираат антикризните мерки и да се обезбеди непречено извршување на буџетот, односно покривање на зголемениот дефицит поради пад на приходите. Според владините проекции до крајот на годината јавниот долг би се задржал на 59,6%, додека кај државниот очекуват пад на 49,6 отсто.

Коронавирус