среда, 30. септември 2020. Вести денес: 103
home Економија

Поскапи горива од денеска: Бензините поскапеа за 2,5, дизелот за 3,5 денари за литар

Поскапи горива од денеска: Бензините поскапеа за 2,5, дизелот за 3,5 денари за литар

Нови цени на нафтените деривати од денеска стапуваат на сила.

Регулаторната комисија после неколку неделен пад на цените, донесе одлука која носи пресврт .

Цените скокнаа а согласно таа одлука УРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 по полноќ поскапуваат за 2,5 денари а тоа значи дека ќе ги полните резервоарите со нив по цена од 61,00 денари по литар, односно 63,00 ден/литар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

За 3,5 денари расте и цената на дизелот.

Тоа значи дека од денес возачите ќе точат дизел по цена од 58,50 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство во следните две недели ќе има цени повисоки за четири денари по литар и ќе чини 47,50 денари додека 29,522 денари за литар ќе чини мазутот а тој бележи скок на цената од 3,573 денари .

Коронавирус