четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 192
home Економија

Поскапе животот во Македонија

Поскапе животот во Македонија

Трошоците на живот во декември во однос на ноември лани се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трошоците на животот во 2019 година, во однос на 2018 година, бележат пораст од 0,8 проценти, а цените на мало се на исто ниво како и минатата година.

Минатата година има пораст на трошоците на живот во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,6 проценти, Здравје за 2,7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци, Рекреација и култура за 1,6 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 1,2 проценти, Ресторани и хотели за 0,9 проценти.

Намалување, пак, е забележано во групите: Транспорт за 2,2 проценти, Комуникации за 1,7 проценти, Облека и обувки за 1,5 проценти, Образование за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент. Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.

Кај движењето на цените на мало во 2019 година, има пораст во групите Индустриско-прехранбени производи за 1,4 проценти и Земјоделски производи за 0,4 проценти, а намалување на индексите кај Пијалаци за 1,5 проценти, Услуги за 0,3 проценти, Индустриско непрехранбени производи и тутун за 0,1 процент.

Трошоците на животот во декември 2019 година, вo споредба со декември 2018 година, забележаа пораст од 0,4 проценти, а цените на мало намалување од 0,2 проценти.

Коронавирус