сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 57
home Економија

Поради приватни бизнис интереси вредни 39 милиони долари сега македонските граѓани плаќаат поскапа струја

Поради приватни бизнис интереси вредни 39 милиони долари сега македонските граѓани плаќаат поскапа струја

За приватни бизнис интереси за производство и продажба на струја, власта ги испразни македонските езера и акумулации доведувајќи ги до под дозволениот минимум. Македонските граѓани веќе почнаа да ја плаќаат цената на минатогодишното неконтролирани производство на струја, која воглавно одеше за извоз.

Минатата 2019 година, извозот на електрична енергија пораснал за 26% проценти споредено со 2018 година, при што инкасирани беа 39 милиони долари.

Граѓаните почнаа да се жалат дека веќе почнаа да им стигаат високи сметките за електрична енергија и тоа двојно повисоки од тоа што вообичаено го плаќале за време на најстудените зимски месеци.

Жител на општина Ѓорче Петров за порталот „Плусинфо.мк“ вели дека и покрај тоа што се топли со инвертер клима, сметката за струја во ноември му била повисока од зимските месеци претходната година.

– Ако во овој месец кога повеќето денови беа топли плаќам 12.000 за струја, тогаш во февруари можно е да добијам сметка и од 50.000. Ваква сметка лани немав ниту во најстудените зимски месеци, бидејќи се топлам со инвертер клима. Сегашната е двојно повисока од тие сметки – вели соговорникот.

Порталот за бизнис и економија, „Бизнис инфо“ пишува дека извозот на струја од Македонија во 2019 пораснал за 26% во однос на 2018 година, при што заработени се 39.015.000 долари. Со овие податоци Македонија, во светски рамки по извоз на електрична енергија се најде на 57-мо место.

Ова ги потврдува тезите дека неконтролираното производство и продажба на електрична енергија на странски пазари и трошење на водните ресурси додведе до тоа Македонија да не може да произведува струја поради нискиот водостој.

Македонските хидроцентрали во моментов не произведуваат струја, а потребите се задоволуваат од увоз на електрична енергија. На 5 ноември Владата донесе одлука за прекин на производство на струја поради лошата состојба на природните и вештачките езера. Сушата го намали нивото на вода, а доколку хидроелектраните продолжат со работа, има опасност да за загрози живиот свет во акумулациите. Од Илинденска тогаш убедуваа, дека прекинот со производство на струја на хидроелектраните нама да ги поскапи сметките за електрична енергија на граѓаните, што се испостави дека не е точно.

Од друга страна и експертите од енергетскиот сектор, уште тогаш, алармираа дека интерветниот увоз на електричната енергија, поради прекинот на производсвотсво на струја на македонските хидроцентрали, со сигурност ќе значи и поскапа струја за граѓаните.

-Со било каков увоз на струја, цената ќе расте. Без увоз цената порасна за седум отсто. Електричната енергија која не е долгорочно нарачана на почетокот јасно дека е поскапа. И се разликува во цената за најмалку 30 отсто, велеше Константин Димитров експерт по енергетика.

Имено, од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, цело време обвинуваат дека желбата за профит на власта доведе до пресушување на водите во македонските природни и вештачки езера, како и во акумулациите. Од таму велат дека ова еколошка катастрофа што му се случува на Македонија со езерските води е поради неспособноста на владата и нејзината желба за профит, при што го загрозува како живото на луѓето така и на целиот животински и растителен свет во езерата. Од таму додаваат дека претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја, во летниот период, придонесе, Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении.

Од сето ова погоре може да се заклучи дека, цехот за нечиите бизнис интереси го плаќаат граѓаните со тоа што уште на почетокот на грејната сезона, кога температурите не се спуштени многу под нулата, веќе почнаа да им стигаат високи сметки за електрична енергија.

Коронавирус