недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Економија

Понеповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво

Понеповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво

Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули во однос на јуни годинава е намален за 0,1 процентен поен и изнесува 21,2, а во однос на јули лани е зголемен за 1,3 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули споредено со јуни годинава е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на јуни годинава.

Оценката за економската состојба на фирмите во јули во однос на јуни годинава е понеповолна, а поповолна во однос на јули лани. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2019 година изнесува 69,5 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 26,3 проценти, недоволната странска побарувачка со 17,9 проценти, недоволната домашна побарувачка со 13,9 проценти и неизвесното економско опкружување со 11,1 процент.