сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Економија

Покачувањето на минималната плата ќе биде, ама не се знае кога

Покачувањето на минималната плата ќе биде, ама не се знае кога

Ништо од покачување на минималната плата кој што ја ветуваше премиерот Зоран Заев на вчерашната прес конференција во министерството за финансии.

Имено денес премиерот Заев на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека имал само намера да покрене иницијатива за покачување на минималната плата во земјата која моментално изнесува 12.000 денари, но процесот се уште не е започнат.

Тоа ќе биде транспарентен процес. Ќе преговараме со синдикатите и исто така со работодавачите. И медиумите ќе бидат вклучени за да известуваат за процесот, бидејќи ние сме солидарна држава. Ние веќе еднаш така направивме кога ја зголемивме минималната плата првиот пат – одговори Заев.

Тој најави дека процедурата со преговори на засегнатите страни очекува наскоро да започне.

– Има простор за уште едно зголемување кое ќе ја активира дополнително спиралата на покачување на сите преостанати плати во Македонија. Како што е редот, на самиот почеток на годината ја соопштивме само намерата, а набрзо верувам дека ќе започне процесот, вели тој.