среда, 4. август 2021. Вести денес: 49
home Економија

Поевтинуваат бензините и дизелот, познати се новите цени

Поевтинуваат бензините и дизелот, познати се новите цени

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за еден денар, додека за половина денар се намалува цената на дизелот.

Eуросупер БС – 95 ќе се продава за 69,5 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 за 71,5 денар за литар.

Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61,5 денари.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

Регулаторна денеска напладне ќе ја соопшти одлуката.

Извор: Скопје 1

Коронавирус