среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Економија

Подготвителна седница на РКЕ

Подготвителна седница на РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, утре во просториите на РКЕ ќе одржи подготвителна седница.

Како што најавуваат од РКЕ на седницата ќе се разгледуваат неколку точки.

– Предлог текст на – Правилник за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на природен гас, организирање и управување со пазарот на природен гас и дистрибуција на природен гас;

– Предлог текст на –  Тарифен систем за пренос на природен гас и организирање и управување со пазарот на природен гас;

– Предлог текст на – Тарифен систем за дистрибуција на природен гас.