понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 206
home Економија

Почнува исплата на јануарските пензии

Почнува исплата на јануарските пензии

Oд денеска почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Денеска ќе се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а во петок ќе се исплаќаат пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

До пензионерите се апелира да се придржуваат до распоредот за исплати, бидејќи етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Коронавирус