вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Економија

Пешев: Владата не понуди глобална стратегија каде оди економијата

Пешев: Владата не понуди глобална стратегија каде оди економијата

Антони Пешев, од Стопанска Комора на Македонија гостуваше во емисијата „Вин вин“ каде што посочи дека оваа влада ништо не направи за подобрување на економијата во Македонија.

„Сведоци сме дека трета година почнува да врти оваа влада за некој месец и цениме дека Владата не понуди глобална стратегија каде оди економијата. Значи значаен дел од прашањата кои се наметнуваат во овој момент, но зошто моравме да чекаме толку време за да почнеме да ја видиме некакви конзистентни движења во делот на економијата. Она што е битно да забележиме е дека економијата не трпи ќе решаваме две години политика, па третата година ќе посветиме на економијата, ова не е гроздобер“, додаде Пешев.

Пешев дообјасни дека кога треба да се води економија таа треба да се води континуирано. Испаѓа дека нашата држава се води само ради политиката. Без економски движења буџетот не може да се наполни.