понеделник, 23. јули 2018. Вести денес: 73
home Економија

Панел дискусија за употреба на алтенативни горива

Панел дискусија за употреба на алтенативни горива

Панел дискусија за употребата на алтернативните горива во Македонија денеска ќе се одржи на Машинскиот факултет во Скопје.

Натанот е во организација на Центарот за почисто производство при Машинскиот факултет во Скопје и УНИДО – Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации.

Воведничари на панел дискусијата, според најавите од организаторот, ќе бидат вицепремиерот за економски паршања Кочо Анѓушев, деканот на Машински факултет Дарко Данев и главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ Борис Хрисафов.