петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Економија

Пад од 5,9 проценти на индустриското производство

Пад од 5,9 проценти на индустриското производство

Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12,1 отсто.

Според главните индустриски групи, пак, индустриското производство бележи пораст кај Капитални производи за 2 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 17,3, Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1, Трајни производи за широка потрошувачка за 16,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8  отсто. (МИА)

Коронавирус