сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 85
home Економија

Ова се 10-те најуспешни менаџерки во Македонија

Ова се 10-те најуспешни менаџерки во Македонија

– Познати се овогодинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22. избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец.

Пенка Мукаетова од Интел консталтинг груп, Лидија Таскова „ЕСП“, Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Кузмановска „Комфи Ангел“, Јана Јанеска-Ристеска Центар за современа ликовна уметност, Елена Таковска „Фармаген“, Слаѓана Стаменкова „Елит Травел“, Александра Аргир од „Скопска пивара“ и Магдалена Трајковска-Трпевска генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од „Витаминка“ се овогодинешните топ десет менаџерки кои ќе го добијат признанието.

Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето.

Генералната менаџерка на „Марили“ Лидија Трипуноска,  вели дека годинава фокусот ќе биде ставен на тематскиот ден за здравјето и убавината во функција на соверемената жена насловен како „Дама Да“ кој ќе се одржи на 31-ви овој месец.

На едукативниот ден ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики,  а специјална гостинка е српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ. (МИА)