среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 102
home Економија

Отрезнување со суровата реалност, лажните ветувања на Заев и Анѓушев не помогнаа економијата да порасне

Отрезнување со суровата реалност, лажните ветувања на Заев и Анѓушев не помогнаа економијата да порасне

Економските политики на владата на Зоран Заев, Драган Тевдовски и Кочо Анѓушев создадоа огромен јаз помеѓу планираното и реализираното. Имено и Заев и Анѓушев изминатиот период од носењето на Буџетот па до пред некој ден убедуваа дека буџетот за 2018 година е развоен и дека ќе донесе раст на бруто домашниот производ од 3,2% до крајот на годината.

Но лошите економски параметри на Владата на Заев продолжуваат и оваа година. Откако ја завршија 2017 година со раст од 0%, сега и во првиот квартал економските показатели не се воопшто добри, односно економијата пораснала само за 0,1%.

Патем да биде позагрижувачка ситуацијата овој рекордно низок раст, во компарација со другите земји, доаѓа во услови кога Македонија го има најголемиот буџет, што значи дека од граѓаните, стопанството и општо економијата се зафаќаат најмногу средства. Тие средства Владата очигледно лошо ги менаџира, бидејќи не стимулираат развој, туку стагнација и пад во компаративна смисла, бидејќи сите одат напред, а Македонија стои во место.

– Буџетот е 211,7 милијарди денари или тоа е приближно 3,4 милијарди евра, при што овој буџет треба да обезбеди минимум 3,2% раст на БДП и притоа има дефицит од 2,7% со тенденција за опаѓање. Ќе се обидеме со што е можно помали задолжувања да оствариме колку што може подобар живот за граѓаните на Република Македонија. Јас сум длабоко убеден дека економскиот раст е добро проектиран, дека ќе се постигне 3,2% зголемување на БДП. Јас очекувам дека таа бројка да биде поголема, – велеше Анѓушев.

Растот не само што не се постигна ни приближно, туку се испостави дека опозицијата оправдано го критикувала буџетот  и оттука и стравувањата дека на Македонија и престои економско цунами. Во вакви услови со минорен раст, кој е на ниво на стагнација сите проектирани задолжувања кои се прават зачестено, иако се ветуваше дека Македонија помалку ќе се задолжува, а повеќе ќе се развива, ќе доведат до реален раст на процентот на задолженост на државата, што се повеќе не турка до економскиот амбис.

Експертите говорат дека вака нискиот раст се должи на намалените капитални инвестиции, односно нивната во првите 4 месеци е екстремно лоши 10.91% реализацијата на капитални инвестиции. Овa пред се се должи на стопирањето на голем број инфраструктурни проекти, проекти во здравствената инфраструктура, образовната и слично.

И покрај очигледните најави дека Македонија ќе има лоша економска година, вицепремиерот Анѓушев упорно ја убедуваше јавноста дека оваа година само што не ни тргнало, па дури и дека ќе сме имале повисоки стапки на раст од проектираните.

-Ќе направиме краткорочен визуелен добар ефект и долгорочен проект за нашите деца и за целата македонска јавност. Ние како влада се одлучивме и во едната и во другата ситуација да се поставиме домаќински и капиталните инвестиции да ги спремиме така како што треба и очекувам од вториот квартал натака бројките значително да се подобрат и конечно да ви одговорам на прашањето – да јас сум оптимист дека бројката над 3% ќе биде реализирана, изјави вицепремиерот Анѓушев пред некој месец.

Неоснованиот и лажен оптимизам освен Анѓушев го делеше и премиерот Зоран Заев, кој ветуваше, а речиси секоја прогноза поврзана со ефектите на буџетот беше промашена, очекувањата на јавноста и стопанството беа изневерени.

-Ова е буџет за граѓаните и буџет за финансиска стабилност на нашата Македонија. Истовремено испланираниот буџет за 2018 година обезбедува услови за реално раздвижување на економијата преку повисоки капитални инвестиции и сериозна државна поддршка за нови инвестиции, зголемување на конкурентноста и раст на извозот. Ќе целиме кон што поголема реализација на капиталните инвестиции како важен сегмент за планираниот раст на економијата за наредната 2018-та година. Предлог буџетот за 2018 година е проектиран врз основа на реални проекции и очекувања. Целта што ја поставивме за раст на економијата од 3,2% е базирана на реални основи, ветуваше Заев минатата година.

-Наша цел е просечна стапка на раст на економијата повисока од 5 проценти во периодот на мандатот, истакна Заев во својот говор со Собранието.

Стопанствениците веќе се видно разочарани бидејќи пред избори добиваа едни ветувања од СДСМ и Заев, а испонувањето е нешто сосема друго. Пред само година дена СДСМ и Заев велеа дека на Македонија не и биде доволни растовите кои и ги носеа економските политики на ВМРО –ДПМНЕ и дека тие ќе ги надминат, односно ќе обезбедат просечни стапки на раст од над 5%.

На Македонија `и се потребни и економски промени преку просечни стапки на економски раст од над 5% коишто ќе ги постигнеме преку структурни реформи и промена на структурата на Бруто-домашниот производ- пишуваше во соопштенијата на СДСМ.

Денес функционерите на СДСМ се радуваат на една децимала над нулата. Ако тоа е раст, тогаш европскиот стандард на економија ќе го достигнеме не за години, не за децении, туку за векови.