петок, 23. април 2021. Вести денес: 46
home Економија

Откупот и продажбата на земјоделските производи во 2020 година намалени за 22,4 отсто во однос на 2019

Откупот и продажбата на земјоделските производи во 2020 година намалени за 22,4 отсто во однос на 2019

Вкупно 6.118.213.000 денари изнесува откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2020 година што е намалување за 22,4 отсто во однос на истиот период во 2019 година.

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 26,8 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство пад за 9,9 отсто. Намалувањето е регистрирано кај сите производи, освен кај овошјето и добитокот. (МИА)

Коронавирус