сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Економија

Откако Заев ги скрати пензиите, сега ќе дава инфузија за пензионерите

Откако Заев ги скрати пензиите, сега ќе дава инфузија за пензионерите

Откако неколку години наназад ги скрати сите права кои ги имаа пензионерите, вклучително и нивните пензии кои драстично ги намали, сега премиерот Зоран Заев со платежни картички сака да се додвори кај таа категорија на граѓани.

На вчерашната прес конференција Заев ги наброи категориите кои ќе добијат платежни картички во висина од 6.000 денари, меѓу кои и примателите на пензија не повисока од 15.000 денари. Според цифрата изнесена на прес конференцијата, платежни картички ќе добијат 182.271 пензионери кои примаат помала пензија од 15.000 денари.

Се ќе беше во ред доколку Заев не ги намалеше пензиите кои претходно ги имаше оваа категорија на граѓани, без при тоа да им бидат вакви платежни картички, зад кои се крие додворување и манипулирање со граѓаните.

Очигледно е дека Заев знае дека ја нема поддршката кај пензионерите и сега на секаков можен начин пробува да се доближи до нив, иако истиот тој пред само две години им ги скрати пензиите кои ги примаа пензионерите.

 

Коронавирус