вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Економија

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма заминува во пензија

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма заминува во пензија

Основачот и извршен претседател на Алибаба групацијата, Џек Ма, еден од најбогатите во Кина, в понеделник заминува во пензија. Поранешниот наставник по англиски јазик има намера повеќе да се посвети на хуманитарни акции и образование, објави Њујорк тајмс.

Ма во изјава за весникот појасни дека ќе остане во УО на Алибаба и ќе продолжи со менторство со управувањето на е-трговијата.

Засега не е јасно дали компанијата ќе именува нов извршен директор. (МИА)