вторник, 28. март 2023. Вести денес: 100
home Економија

Од 1-ви јануари СДСМ ќе ја поскапи водата

Од 1-ви јануари СДСМ ќе ја поскапи водата

Година и половина како СДСМ е на власт и успеа да поскапe речиси се што можеше да се поскапе. Сега на ред дојде и најзначајниот ресурс без кој не се може, водата.

Според неофицијални информации од некои портали се најавува дека во поголемиот број на општини низ земјава ќе се зголемуваат трошоците за вода. Граѓаните ќе добиваат повисоки месечни трошоци од 20 до 30 денари.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека зголемувањето на цената е минимално за граѓаните, но ќе биде од голема корист на јавните претпријатија. Новите цени ќе стапат во сила од први јануари идната година откако одлуката на регулаторна ќе помине во општинските совети.

Сепак главна новина во овие реформи е тоа што покрај цените на водата за пиење кои ги определуваат од РКЕ и каде што има одгледување на вода или популарно кажано канализација, сега за тоа се одредува посебна тарифа, исто така се определува посебна тарифа и за прочистителните станици.

За да се потсетиме за тоа што се залагаа додека беа во опозиција доволно е да се погледне прес конфренцијата на советникот Драги Давчевски во 2014-тата година каде СДСМ како политичка партија вели дека граѓаните на Скопје не заслужуваат да плаќаат толку скапа вода и затоа тие ќе побараат намалување од 30%.

 

loading...