недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home Економија

Објавени имињата на трговците на големо кои не поседувале оперативни резерви на мазут

Објавени имињата на трговците на големо кои не поседувале оперативни резерви на мазут

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ) отпочна постапка за одземање на лиценци на трговците на големо РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци поради непоседување на оперативни резерви на мазут. Овие неусогласености кај сите четири трговци на големо ги констатирал Државниот пазарен инспекторат при вршење на инспекциски надзор, за што се изречени прекршочни платни налози, за што со Допис 02-1001/1 од 7.6.2021 година ја известија РКЕ.

Оперативните резерви треба да бидат на ниво утврдено согласно Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви и не исполнувањето на обврската за почитување на Законите и другите прописи и општи акти кои се однесуваат на вршење на дејноста трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со мазут (М-1) е основа поради која РКЕ утврди дека постои причина за отпочнување на постапка за одземање на лиценци.

Отпочнувањето на постапката е во согласност со Правилникот на РКЕ за лиценци, во кој се предвидуваат неколку фази: РКЕ ги известува компаниите за постоење на причини за отпочнување на постапка за одземање на лиценци, по што во рок од 7 дена трговците на големо ќе мора да се произнесат за посочените причини поради кои е настанатото прекршување на одредбите од член 146 од Законот за енергетика и одредбите од Правилникот за ниво и начинот на пресметка на оперативните резерви. Потоа РКЕ врз основа на добиените наводи во одговорот од трговците компании на големо на седница ќе донесе соодветни одлуки за идно постапување.

ЕУРО 2020

Македонија