сабота, 10. април 2021. Вести денес: 64
home Економија

Ново поскапување на цените на горивата од полноќ

Ново поскапување на цените на горивата од полноќ

Од полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар и ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95  65,50 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува
45,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 денар/литар и од полноќ ќе се продава по цена од 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,396 ден/кг.

Коронавирус