четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 57
home Економија

Нови повисоки цени на горивата од полноќ

Нови повисоки цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои од полноќ се зголемуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажните цени на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,016 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,711 ден/кг.